Летен десерт со крем од лимон

Летен десерт со крем од лимон

пред 3 години

Потребни состојки:

1 помало пакување пишкоти
250 гр маскарпоне сирење
3 полни лажици шеќер во прав
ликер од лимон или млеко

за кремот од лимон:
3 јајца
150 гр шеќер
80 мл сок од лимон
60 гр путер, на собна температура
1 лажица рендана кора од лимон

Начин на подготовка:

Прво подгответе го кремот од лимон. Ставете еден подлабок сад со малку вода на рингла и над него ставете помал сад. Во помалиот сад изматете ги јајцата со шеќерот, сокот и кората од лимон. Варете ги на пареа со постојано мешање додека да се згусне, околу 8-10 минути. Додадете го путерот исечен на коцки и убаво измешајте. Садот во кој се наоѓа кремот покријте го со пластична фолија за да не се фати кора и оставете да се излади. Во маскарпоне сирењето додадете 3 полни лажици шеќер во прав и убаво измешајте. Во стаклени чаши или некои други садови наредете ги по желба пишкотите, маскарпоне сирењето и кремот од лимон. Пишкотите испрскајте ги со ликер или млеко за да омекнат. Чашите покријте ги со пластична фолија и ставете ги во фрижидер на неколку часа за да омекнат пишкотите и кремот убаво да се излади.

Share
Scroll to Top