(Видео) Премиерот на Онтарио среде говор голтна пчела

(Видео) Премиерот на Онтарио среде говор голтна пчела

пред 2 години

На Интернет се појави видео на кое се гледа како премиерот на Онтарио, Даг Форд, случајно проголта пчела. Политичарот држеше говор на прес-конференција, со тема приватната медицинска помош. На видеото може да се види како пчелата му лета околу главата на политичарот, а во еден момент му влетува во уста.

dobivaj vesti na viber

Шокираниот Форд се оддалечува од микрофонот, па дури и ја става раката во устата во обид да ја извлече пчелата, но безуспешно.

„Само што голтнав пчела“, потоа вели тој и се напива вода.

Share
Scroll to Top