Најдобриот светски тенисер во моментов Новак Ѓоковиќ (34) се пласираше во финалето на Вимблдон откако со 3-0 го совлада Денис Шаповалов од Канада. По мечот 22-годишниот тенисер се расплака додека и отпоздравуваше на публиката во Лондон.
Гестот што Ѓоковиќ го направил по мечот дополнително го воодушевил.
„Дојде во мојата соблекувална, ми рече дека знае дека сега ми е тешко, но со време ќе дојде се на свое. Не мораше тоа да го стори, сепак беше многу убаво од негова страна. Беше ова вистинска борба. Во некои делови од мечот се чувствував дека играм подобро од Новак. Знаев дека можам да се борам за титулата, затоа и бев тажен по мечот“ рече Шаповалов.
A sterling effort in just his 10th singles match at #Wimbledon
No doubt we'll be seeing plenty more of @denis_shapo on this stage in the future… pic.twitter.com/TnMlEIBAtf
— Wimbledon (@Wimbledon) July 9, 2021