Мартинез: Нема војна меѓу Белгија и Реал Мадрид околу Азар

Мартинез: Нема војна меѓу Белгија и Реал Мадрид околу Азар

пред 3 години

Белгискиот селектор, Роберто Мартинез, ги отфрли шпекулациите дека има отворено непријателство меѓу белгиската репрезентација и Реал Мадрид околу рехабилитацијата од повредите на Еден Азар, оценувајќи дека „наместо војна има заедничка работа“.

Азар воопшто не настапил за Белгија во 2020 година, и повторно не е во селекцијата за квалификациските мечеви за СП 2022, откако пак се повреди веднаш по враќањето и Реал го разубедија да не оди на операција на скочниот зглоб.

„Работиме во иста насока како Реал Мадрид. Има одлична соработка меѓу медицинските тимови и ги уверувам навивачите на Мадрид дека и ние посакуваме само најдобро за Еден. Рехабилитацијата започна, а шпекулациите се работа за медиумите. Експертите кажаа дека нема да има операција, така што нема војна, нема поделби, туку заедничка работа за решение“, вели Мартинез.

30-годишниот Азар се мачи со низа повреди по пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“ во летото 2019, и одигра сасмо 25 меча за „кралевите“ оттогаш.

Share
Scroll to Top