Трансферот на Костиќ пропаднал поради погрешна имејл адреса

Трансферот на Костиќ пропаднал поради погрешна имејл адреса

пред 3 години

Менаџерот на српскиот репрезентативец Филип Костиќ, Фали Рамадани, открил зошто неговиот клиент не успеал да го реализира трансферот во Лацио. Клубот на фудбалерот, Ајнтрахт, од моментот кога Лацио покажале интерес за него, ги минирал преговорите.

Ајнтрахт на Лацио им дале погрешна имејл адреса, така што понудите никогаш не стигнале на вистинското место.

Поради тоа, на почетокот на минатата недела, Костиќ, штрајкуваше, односно одбиваше да тренира.

Последната понуда на Лацио, која Анјтрахт ја одби изнесуваше 18 милиони евра.

Филип Костиќ има договор со германскиот тим до јуни 2023 година.

Share
Scroll to Top