Српскиот фудбалски интернационалец Матија Настасиќ сосема извесно дека ова лето ќе ги напушти редовите на германски Шалке, а шпекулациите се дека е можен негов повторен премин во редовите на калчолигашот Фиорентина.
Настасиќ веќе беше дел од „виолетовите“ во сезоната 2011/2012, тогаш одигра 25 меча за Фиорентина пред да направи трансфер во Манчестер Сити.
Минатата сезона Шалке испадна од Бундеслигата. Договорот на Србинот е до 2022 година, но и покрај тоа клубот од Гелзенкирхен би можел да го ослободи без обезштетување.
Доколку ја официјализира соработката со Фиорентина, Настасиќ ќе биде третиот Србин во клубот, покрај Душан Влаховиќ и Никола Миленковиќ.