Реал Мадрид има нов капитен

Реал Мадрид има нов капитен

пред 3 години

Шпанскиот интернационалец Серхио Рамос го напушти Реал Мадрид по цели 16 години, па со неговото заминување „Кралскиот клуб“ доби нов капитен – Бразилецот Марсело (33).

„Голема е честа и одговорноста да се биде капитен на најдобриот клуб во светот“ рече Марсело.

Бразилскиот ас минатата сезона одигра само 16 меча. Не се изнаигра покрај францускиот интернационалец Ферланд Менди на позицијата лев бек. Ситуацијата може да се промени под палката на новиот тренер, Карло Анчелоти.

„Не можам да го дочекам стартот на сезоната. Се трудам константно да учам, но ми треба помош и од соиграчите. Верувам дека како капитен треба да сум тој на кој колегите ќе му се обратат и од кој ќе добијат помош ако им е неопходна“ вели Марсело.

Бразилецот во Реал стигна пред 16 години од Флуминезе и со „Кралевите“ освои се што можеше да се освои.

Share
Scroll to Top