Луни за Дрејмонд Грин: Сега сè е поинаку

Луни за Дрејмонд Грин: Сега сè е поинаку

пред 2 години

Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Кевон Луни проговори за соиграчот Дрејмонд Грин.
Грин се најде на столбот на срамот откако го нокаутира соиграчот Џордан Пул на еден тренинг.

Ситуацијата дополнително се разбранува откако во јавноста протече видео на кое јасно се гледа насилството и непотребноста на чинот на Грин.



Впечаток е дека соиграчите и членовите на организацијата на актуелниот шампион во НБА се крајно разочарани, што може да се заклучи и од зборовите на Луни.

„Се уште не сме разговарале лице в лице, но ќе разговараме. Сега се е поинаку. Комплицирано е… Мора да промени многу за да ја врати нашата доверба, но мислам дека е подготвен да го стори тоа”, изјави Луни.

26.годишниот центар е во Вориорс откако дојде во НБА во 2015 година и оттогаш е соиграч со Грин.

Во меѓувреме, Вориорс одиграа натпревар во кој го немаше Грин, кој не тренираше со тимот во последната недела, а Пул доминираше и беше најефикасен со 25 поени.

Share
Scroll to Top