Папата Франциско денеска се појави за прв пат во јавноста по операцијата на дебелото црево минатата недела и ги поздрави собраните од балконот на болницата.
Папата (84) успешно се опоравува по извршената операција на 4 јули, објави Ватикан, пренесе АП.
Неговиот глас звучеше малку ослабен додека ги поздравуваше собраните пред поликлиниката „Чемели“.
„ Во голема мера ја чувствувам вашата блискост и поддршка во вашите молитви“, им порача папата Франциско на оние што му посакаа закрепнување.
Минатата недела на Папата му беше отстранет дел од дебелото црево поради тешка „дивертикуларна стеноза“, односно стеснување на дебелото црево.