„Животните не смеат да страдаат“, Европа разговара за забрана на животните во научни истражувања

пред 4 години

Европскиот парламент разговара за алтернативни научни методи кои не би користеле животни при истражувањата.

Решенија постојат и промените мора да се забрзаат бидејќи живите суштества не смеат да страдаат, се согласија европратениците.

Пред скоро три децении, ЕУ се обврза да го замени и намали бројот на животни што се користат за научни цели, но овие промени се одвиваат многу бавно, пишуваат агенциите.

Со оглед на европскиот „Зелен план“, здравствените и еколошките предизвици и растечката загриженост на јавноста за употребата на животни во научните истражувања, важно е ЕУ да го забрза преминот од застарен модел кон примена на современи научни методи, сметаат европратениците.

Плановите и мерките за забрзување на преминот кон иновативни методи без употреба на животни при истражување, регулаторно тестирање и едукација беа дискутирани на минатонеделната пленарна сесија, а гласање за ова прашање е најавено за септември.