Гром во Индија уби 16 лица додека правеле селфи на дождот

пред 5 години

Најмалку шеснаесет лица загинале, а многумина се повредени во несреќа која се случила во Џајпур, северниот дел на Индија. Несреќата се случила откако во нив удрил гром додека тие се обидувале да направат селфи во една од стражарските кули на градската тврдина Амер.

 

Повеќето од загинатите биле млади лица, велат од полицијата. Дваесет и седум лица биле на кулата и на ѕидот на тврдината кога се случил инцидентот, а некои скокнале и на земја.

Слични несреќи во кои загинале десетици лица, се случиле и во државите Утар Прадеш и Мадја Прадеш. Од удари на гром во просек секоја година умираат околу 2.000 Индијци.

Само вчера имало пријвавено девет смртни случаи од удари на гром низ државата Раџастан, каде се наоѓа Џајпур, пренесуваат локалните медиуми.

Експертите велат дека бројот на жртви е голем во двете држави затоа што голем број луѓе работат на отворено во земјоделството и градежништвото. Главните министри на Утар Прадеш и Раџастан и премиерот на Индија Нарендра Моди најавија компензација за семејствата на починатите.

Share
Scroll to Top