Рио Фердинанд: Кукавични глувци – до вчера ги славеа, сега ги навредуваат!

Рио Фердинанд: Кукавични глувци – до вчера ги славеа, сега ги навредуваат!

пред 3 години

По поразот во финалето на ЕУРО2020, голем број фудбалски фанови, пред се Англичани, упатија расистички навреди кон тројцата репрезентативци (Маркус Рашфорд, Бакају Сака и Џејдон Санчо) кои ги промашија пеналите на синоќешниот меч со Италијанците.

Поранешниот англиски дефанзивец, Рио Фердинанд беше остар со својата порака испратена на Инстаграм:

„Изгубивме од најдобрата селекција на натпреварувањето која е непоразена веќе 34 меча и речиси 3 години. Атмосферата на стадионот беше најдобрата која некогаш сум ја видел на `Вембли`. Каков само беше почетокот на мечот, сите беа обединети во поддршката на нашите момци. Дотогаш екипата играше супер, играчите беа идолизирани поради постигнувањата, и со право. Неверојатно ми е како односот кон играчите се промени во само 120 минути. Веднаш по мечот социјалните мрежи станаа токсичен рај за расистите, за кукавичните глувци кои ги плукаа своите одвратни чувства. Се сокрија позади друштвените мрежи на кои можат константно да ги навредуваат нашите играчи знаејќи дека ќе бидат анонимни. Одвратно е што некој мора да ја поднесува ваквата омраза, замислете само да се тоа истите идиоти кои пред неколку дена ја славеа брилијантната игра на Стерлинг или Сака. Но штом загубиме, славењето престанува, а нашите црни играчи стануваат мета. Компании коиги водите друштвените мрежи – можеме ли да пронајдеме начин да ги заштитиме овие луѓе од сите тие платформи? Нашите херои заслужуваат внимание…

Share
Scroll to Top