Хамилтон, спортист на годината во Велика Британија

Хамилтон, спортист на годината во Велика Британија

пред 3 години

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес во шампионатот на Формула 1 е најдобар спортист во Велика Британија, во изборот на Би-би-си.

„Им честитам на сите што беа номинирани, сите се сјајни спортисти. Горд сум на она што го постигнавме сезонава. Им благодарам на сите што гласа за мене“, рекол Хамилтон.

Во изборот Хамилтон победи пред капитенот на фубалерите на Ливерпул, Џордан Хендерсон и џокејот, Холи Џонсон.

Ова признание Хамилтон го добил и во 2014 година.

Луис Хамилтон оваа сезона ја освои седмата шампионска титула во Формула 1. На вечната листа се изедначи со Михаел Шумахер, од кого го презеде рекордот за најголем број на победи во Формула 1.

Хамилтон во кариерата забележал 95 победи, четири повеќе од Шумахер.

Share
Scroll to Top