Обид за упад во украинскиот парламент

пред 3 години

Неколку стотици пензионирани украински полицајци денеска се обиделе да упаднат во зградата на парламентот во Украина, барајќи зголемување на пензиите, пренесуваат светските агенции.

Поранешните полицајци ги пробија надворешните бариери и се приближија до парламентот, каде се одржуваше седницата, а потоа полицијата ги оттурна.

Тие подоцна блокираа една улица, пренесува Ројтерс.

Протестите се случија еден ден откако украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, кој е на чело на полицијата од 2014 година, неочекувано поднесе оставка, без да наведе причина за одлуката.

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и портпаролот на Аваков одбија да ја коментираат неговата причина за оставката.

Share
Scroll to Top