(Видео) Жена со статив го нападна Борисов

(Видео) Жена со статив го нападна Борисов

пред 5 години

Жена со статив утрово го нападна поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Таа сакаше да го удри додека тој даваше изјава пред Националната полиција. За среќа обезбедувањето и полицијата реагирале навреме.

Полицијата вели дека за да се доближи до Борисов, таа се претставила како новинарка на руски медиуми. Подоцна откриле дека е од Минс и дека е блиска со познатата новинарка и критичарка на партијата на Борисов ГЕРБ, Мирољуба Бенатова.

 

Share
Scroll to Top