Интервјуто на Опра со принцот Хари и Меган номинирано за „Еми“

пред 5 години

Интервјуто бомба, како што многумина го нарекуваат, влезе во трка за наградата „Еми“ во категорија хостиран документарен серијал или Посебна категорија.

Разговорот кој Опра Винфри го водеше со војводата и војвотката од Сасекс беше емитуван на „Си-би-ес“ во март. Хари и Меган не беа номинирани лично, туку Винфри и продуцентите на емисијата.

Интервјуто беше најавено како искрена исповед на Хари и Меган, кои јавно проговорија за нивните искуства во монархијата. Преносот го следеле приближно 17,1 милиони гледачи и со денови беше тема на бројни дискусии.

Војводата и војвотката од Сасекс открија детали за нивното повлекување од кралските должности, затегнатите односи на Хари со неговиот татко, и безуспешните обиди на Меган да најде поддршка од кој било член на кралското семејство. Таа говореше и за наводен расизам во палатата и медиумите. Меган рече дека додека била бремена со своето првороденче Арчи, некои членови на кралското семејство стравувале за бојата на кожата на нејзиното идно дете.

Ова е 10-ти пат Опра да биде номинирана за „Еми“, а во минатото има освоено три -во 1989, 1993 и 2000 година.

Share
Scroll to Top