До 30 октомври е рокот за продолжување на студентска стипендија, соопшти Министерството за образование и наука.
Рокот за достава на документите до Министерството почнува на 01.10.2021 и трае до 30.10.2021 година.
Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.
Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку студентите не се во можност да ги достават електронски истите се доставуваат преку писарницата на Министерството за образование и наука или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје или директно во Министерството.