Голема чистка во Ливерпул – Клоп собира пари за засилувања

Голема чистка во Ливерпул – Клоп собира пари за засилувања

пред 3 години

По неуспешната мината сезона, логично е летово да се подготвува голема чистка во редовите на Ливерпул. Управата наводно решила да продаде дури 10 фудбалери за да соберат доволно пари за квалитетни засилувања во преодниот рок.

Еден од оние кој е на излезна врата е српскиот интернационалец Марко Груиќ. Тој беше на позајмица во Порто, таму сакаат да го задржат, но уште неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги.

Освен Србинот, блиску до напуштање на „Енфилд“, според медиумите на островот се и Џердан Шаќири, Хари Вилсон, Натаниел Филипс, Неко Вилијамс, Сеиџи Оџо, Бен Вудборн и Таиво Авониџи.

Share
Scroll to Top