Цела генерација грчки кошаркари во пензија – и Перпероглу стави крај!

Цела генерација грчки кошаркари во пензија – и Перпероглу стави крај!

пред 3 години

Грчкиот кошаркар Стратос Перпероглу (36) со емотивна порака на Инстаграм порача дека става крај на дводецениската кошаркарска кариера.

Последниот клуб во неговата кариера е Црвена Звезда, а претходно освои три титули во Евролигата со Панатинаикос (2009. и 2011.) и Олимпијакос (2013.)

За селекцијата на Грција одигра многу натпревари, а во 2009 на ЕП стигна до бронзата.

„Помина повеќе од една година откако последен пат ги заврзав патиките на професионален кошаркарски натпревар. Ковид на неочекуван начин, изненадно ја заврши мојата кариера. Преку 20 години од својот живот посветен на играта која ја сакам. Топката ме носеше ширум светот, ме стави под некои од најталентиранте и најуспешни тренери. Никогаш не е доцна да им се заблагодарам на навивачите, кои ме поддржуваа, бодреа (некогаш и проколнуваа) на теренот. Светот минатата година виде што е спорт без навивачи. Благодарам за сите мои тренери, научив по нешто од секого. Им благодарам на соиграчите, ги делевме најдобрите, но и најлошите моменти, навистина тоа е братство“ порача Перпероглу.

Инаку изминатиот период дури тројца поранешни членови на славната грчка генераџија за завршија кариерата – Јанис Бурусис, Василис Спанулис и Никос Зизис.

Се пензионираше уште една грчка кошаркарска легенда

Share
Scroll to Top