Рајо на Димитриевски, конечно, до убедлива победа

Рајо на Димитриевски, конечно, до убедлива победа

пред 3 години

Откако претходните две кола ниту неговите спектакуларни одбрани не успеаја да ги спасат од пораз, Рајо Валјекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ја запиша првата победа во новата сезона во Ла лига, со убедливи 4:0 против Гранада.

Победникот на мечот беше решен во првите дваесетина минути од мечот – Алваро Гарсија уште во третата минута постигна гол, по што во 23. минута, Оскар Трехо од пенал зголеми на 2:0. Ренди Нкета во 43. минута зголеми на 3:0, пред Санти Комесана во 58. минута да стави точка на натпреварот.

Осасуна, пак, во неверојатиот втор попладневен меч во Шпанија губеше со 2:1 од Кадиз до 90. минута од мечот, пред со голови во 91. и 95. минута да стигне до луд 3:2 триумф.

ЛА ЛИГА, 3.КОЛО

Рајо Валјекано – Гранада 4:0

Кадиз – Осасуна 2:3

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top