Согласно Уставот локалните избори треба да се одржат до средината на месец октомври, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно денеска, премиерот Зоран Заев предложи изборите да се случат на 31 октомври, со цел кампањата да не се совпадне со пописот.
„Уставот е над се’ и во оваа држава Заев треба ја прекине праксата на кршење на Уставот на Република Македонија кој патем јасно утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, тоа што Заев денес изнесува датум за одржување на изборите без претходна консултација со останатите политички партии уште еднаш го потврдува фактот дека тој стравува од одржување на локалните избори, и бара начин да ги одложи.
Ако неговиот аргумент е одржувањето на пописот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш Заев може да го одложи пописот за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот.