Нуркачи во Египет наишле на неверојатно ретко откритие во водите на Медитеранот.
Нуркачите пронашле остатоци од воен брод во одамна потопениот град Тонис-Хераклоион, некогаш најголемо египетско пристаниште на Медитеранот, и погребен комплекс кој укажува на присуство на грчки трговци, соопштиле властите.
Градот, кој го контролирал влезот во Египет и кој бил изграден на устието на Западен Нил, доминирал со овој крај векови пред Александар Македонски да ја крене Александрија во 331. п.н.е.
Градот, како и поголем дел од делтата на Нил, го уништиле и потопиле земјотрес и огромните бранови кои уследиле. Тонис-Хераклоион повторно бил откриен во 2001-ва година во заливот Абу Кир во близина на Александрија, потсетува Reuters.
#Egypt– Divers have discovered rare remains of a military vessel in the ancient sunken city of Thônis-Heracleion – once Egypt’s largest port on the #Mediterranean – and a funerary complex illustrating the presence of Greek merchants, the country said on Monday.
? pic.twitter.com/1WRmyx6toK— Mete Sohtaoğlu (@metesohtaoglu) July 19, 2021
Воениот брод кој го открил египетско-францускиот тим на чело со експерти од Европскиот институт за подводна археологија, потонал кога славниот храм на Амон, покрај кој бил закотвен, се урнал во вториот век пред новата ера.
Прелиминарните истражувања покажуваат дека 25 метри долгиот брод со рамно дно, весли и големо едро, бил изграден на класичен начин и имал карактеристики на древна египетска конструкција, соопштило египетското Министерство за туризам и антиквитети.
Во друг дел од градот, тимот пронашол остатоци од големи грчки гробишта од почетокот на 4-тиот век п.н.е.
„Ова откритие одлично го илустрира присуството на грчките трговци кои живееле во градот”, навело министерството и објаснил дека на Грците им било дозволено да се населат таму во време на фараонските династии.
„Изградиле свои светлишта околу големиот храм на Амон. Тие светилишта се уништени истовремено и нивните остатоци се помешале со остатоците од египетскиот храм”, се додава во соопштението.
Извор: Srbija Danas