Закажан е боксерски спектакл во домот на Тотенхем – Џошуа против Усик

Закажан е боксерски спектакл во домот на Тотенхем – Џошуа против Усик

пред 3 години

За нешто повеќе од два месеци британскиот боксер Ентони Џошуа ќе ја брани титулата светски шампион во тешка категорија. Противник во тој меч ќе му биде Олександер Усик од Украина, а борбата е закажана за 25. септември во Лондон.

За место на одржување на спектаклот е одреден стадионот на премиерлигашот Тотенхем, што „петлите“ го објавија на нивниот официјален сајт.

Британскиот боксер во своите витрини засега ги има појасите во три верзии – ВБА, ВБО и ИБФ, откако во декември минатата година го победи бугарскиот претставник, Кубрат Пулев.

Џошуа во јуни 2019-та го доживеа единствениот пораз во кариерата, од Мексиканецот Енди Руиз, на кого истата година му се реваншираше.

Украинецот Усик е прв предизвикувач во ВБО верзијата, а тој до сега не се борел за титула во тешка категорија. Бил сопственик на сите 4 појаси во крузер категорија.

Share
Scroll to Top