Горецка се подготвува да го напушти Баерн

Горецка се подготвува да го напушти Баерн

пред 3 години

Баерн Минхен може да се соочи со нов „случај Алаба“. Леон Горецка, има договор со клубот до наредното лето, а неговиот менаџер ги одбил сите понуди неговиот клиент да потпише нов.

Горецка (26) и неговиот менаџер, не се задоволни од финансискиот дел. Баерн понудиле годишна плата од 10 милиони евра, менаџерот на Горецка бара дупло повеќе.

Горецка е играч на Баерн од 2018 година, кога како слободен играч се пресели во Минхен од редовите на Шалке.

За потсетување, на сличен начин Давид Алаба по 13 години го напушти Баерн и се пресели во Реал. Австриецот и неговиот менаџер пред Баерн поставија финансиски услови кои клубот не сакаше да ги исполни.

Share
Scroll to Top