Франција воведе нови мерки за туристите, казна до 1500 евра за тој што ќе ги прекрши

пред 3 години

Поради зголемениот број новозаразени од коронавирус, Франција од денес ги заострува мерките, како за локалното население, така и за туристите, пренесуваат тамошните гласила.

Само неколку дена откако Ајфеловата кула беше отворена за посетителите, од Франција пристигнуваат нови вести.

За влез во сите туристички знаменитости и атракции во главниот град на Франција – забавни паркови, концертни сали, музеи, кина, Ајфеловата кула – неопходен е т.н. здравствен пасош.

Во тој документ се содржани информации за вакцинација, за прележана болест или негативен ПЦР тест.

За влегување во дискотеки и на фестивали, таа мерка е веќе во сила.

Туристите мора да докажат сертификат за целосна имунизација за влез во овие места, а негативниот ПЦР тест не смее да биде постар од 48 часа.

Кој ќе ги прекрши овие мерки може да биде казнет со глоба до 1.500 евра, соопштија француските власти.