Полска ќе врати шест пливачи од Токио пошто по грешка ги пратиле на Олимпијадата

Полска ќе врати шест пливачи од Токио пошто по грешка ги пратиле на Олимпијадата

пред 3 години

Претседателот на Пливачката федерација на Полска, Павел Сломински, најави дека шест пливачи кои пристигнаа во Токио со олимпискиот тим, ќе мора да се вратат дома, оти биле испратени на Олимпијадата по грешка. Тој јавно се извини за пропустот и рече дека го разбира гневот на пливачите, кои мораа да се вратат од Токио.

Полска првично испрати 23 пливачи на Олимпијадата, но мораше да го намали нивниот број на 17 поради правилата за квалификации на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

„Изразувам големо жалење, тага и горчина поради ситуацијата. Такво нешто не смееше да се случи. Реакциите на пливачите, нивните емоции и критиките на адреса на Пливачката федерација се разбирливи и оправдани“, рече Сломински.

Share
Scroll to Top