Јоветиќ ќе го засили Бешикташ?

Јоветиќ ќе го засили Бешикташ?

пред 3 години

Со заминувањето на Винсен Абубакар од редовите на турски Бешикташ во саудиски Ал Наср, во нападот на клубот од Истанбул се отвори „голема дупка“. Камерунецот на 67 натпревари постигна 35 гола, па сега Управата на „црно-белите“ бара адекватна замена.

Според пишувањата на турските медиуми, црногорскиот напаѓач Стеван Јоветиќ на кого му истече договорот со Монако е можното засилување за Фенербахче.

Сепак, избори на клубот, тврдат дека приоритет на истанбулските „лавови“ е договор со Лук де Јонг и Диего Коста, додека ангажманот на Јоветиќ во моментов се гледа како трета опција.

Предноста на Јоветиќ е во тоа што би дошол за помала плата во однос на конкурентите, но се чини дека Управата на клубот е внимателна по ова прашање.

Абубакар дојде од Порто, беше позајмен во Бешикташ, а турскиот клуб го напушти по истекот на договорот.
31-годишниот Јоветиќ, кој најчесто влегуваше во игра од клупата, за Монако на 29 меча постигна 6 гола.

Share
Scroll to Top