Бобан го победи Милан на суд, ќе добие 5.3 милиони евра отштета

Бобан го победи Милан на суд, ќе добие 5.3 милиони евра отштета

пред 3 години

Судот во Милано пресуди дека калчолигашот Милан му должи на Звонимир Бобан 5.3 милиони евра – отштета поради отказот кој тој го доби од клубот во март годинава.

Хрватот го тужеше поранешниот клуб во кој работеше како спортски директор затоа што сметаше дека отказот е незаконски. До отказ дојде откако влезе во јавна расправа со газдата на клубот, Иван Газидис.

Бобан јавно го прозва Газидис зошто тој него не го известил дека клубот преговара за тренерската позиција со Германецот Ралф Рангник. Тој сепак не дојде во Милан (Пиоли остана на кормилото), но Бобан ја загуби позицијата.

Сега откако судот пресуди во корист на хрватскиот фудбалер, Милан има право на жалба.

Share
Scroll to Top