Актерот и шоумен Игор Џамбазов пред повеќе од еден месец ја прими втората доза од кинеската вакцина на „Синофрам“. Денес, се пошегува на својот инстаграм-профил на сметка на вакцината – позира со закосени очи.
„Откако ја примив кинеската ваксајна, нешто чудно ми се случува“, напиша тој под фотографијата.
Пред еден месец тој објави на „Инстаграм“ сертификат со апел до граѓаните да се имунизраат: „Или ќе се вакцинираш или ќе се разболиш“, рече тогаш Игор за „Репортер“, среќен што, конечно, е заштитен од коронавирусот.
Тој во една објава им се налути на оние што не веруваат во короната и кои сè уште мислат дека се работи за некаков заговор.
(Фото) Или ќе се вакцинираш или ќе се разболиш, рече Џамбазов откако прими Синофарм