Mлад дечко со шутирање натепа девојка во Куманово, а снимките попладнево беа објавени на социјалните мрежи.
Подоцна дечкото беше нападнат од друго момче.
СВР Куманово по споделувањето на видеата соопшти дека презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.
„За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката“, велат од полицијата.
Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирањето ќе следува соодветен поднесок.