Стојаноска: Единствено нешто за коешто Заев преговара е да се спаси од сопствените велепредавства и криминали

пред 3 години

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска денеска од пред зградата на МНР во нејзината изјава се осврна на црвената линија и одбраната на националните интереси во спорот со Бугарија.

„Би сакала денеска од пред зградата на МНР да кажам нешто кое целиот свет го знае, а тоа дека националните интереси се црвена линија за секоја една европска и светска држава, само за Зоран Заев македонските национални интереси се како низа црвени пиперки коишто седнал да ги продава како на една тезга во Муртино“, рече Стојаноска.

„Би сакала да направам и една паралела со актуелното фудбалско првенство коешто е во тек и на коешто вчера видовме дека целиот македонски народ се обедини и во еден глас навиваше за нашите фудбалери, фудбалерите на репрезентацијата на Македонија, повторувам на Македонија. Додека пак од друга страна тука во Македонија имаме еден лажен навивач и лажен преговарач, тоа е Зоран Заев, којшто единствено за коешто навива и преговара е да се спаси од сопствените велепредавства и криминали“, додаде пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа потенцира дека нејзината партија секогаш била на линијата на мнозинството македонски народ.

„Би сакала да порачам дека остануваме тука и утре, а за тоа што ќе се случува после среда, односно после онаа Комисија останува да го изразиме нашето мислење и став откако сето тоа ќе се случи. Македонија според Устав е независна, самоуверена и самостојна држава и секој кошто ќе се одлучи ова да го прекрши, односно којшто ќе се обиде дел од декларацијата на Бугарија којашто е усвоена во бугарскиот парламент во декември 2019 година, ќе значи дека го нарушува Уставот на Република Македонија и за тоа еден ден секако ќе одговара, а ќе одговара пред оние судови во коишто нема да е вмешано името на Зоран Заев преку неговите судии, обвинители и итн“, порача Стојаноска.

Share
Scroll to Top