Англија во понеделникот ги укина скоро сите ограничувања поврзани со пандемијата на коронавирус. Првата недела е одбележана со зголемување на бројот на новозаразени, недостиг на производи во супермаркетите и хаос со апликацијата за самоизолација.
Салите и стадионите можат да се отворат со полн капацитет, дискотеките можат повторно да работат, во пабовите повторно ќе може да се седи зад шанковите и веќе нема ограничување на бројот на луѓе што можат да се соберат. Носењето маски веќе не е задолжително, но се препорачува во јавниот превоз и во продавниците, веќе не повикува на работа од дома, но премиерот Борис Џонсон сепак апелира за претпазливост.
Како што рече владиниот советник, Нил Фергусон, скоро е неизбежно бројот на нови случаи на инфекција да достигне сто илјади дневно, со по илјада хоспитализирани.
„Вистинското прашање е дали тие бројки ќе бидат двојно или уште поголеми. Може да имаме две илјади хоспитализирани на ден и двесте илјади случаи, но тоа не може да се каже со сигурност“, рече Фергусон.
Рафтовите во повеќето супермаркети низ земјата се целосно празни, откако голем број вработени и возачи за достава отидоа во самоизолација поради контакт со заразени.
On @BBCr4today CEO of Iceland said there are no shortages or empty shelves in his shops ‘yet’. Pop down to Crayford @sainsburys and tell them how you’re doing that mate, could you? It was as if I stumbled onto the set of ‘Chernobyl’ Season 2 just now. #covidiots #BrexitShambles pic.twitter.com/jILfEKWOEi
— Mike Bealing (@Sillytees) July 22, 2021
Голем број продавници се борат со недостиг на персонал, а некои ланци на супермаркети мораа да затворат повеќе свои маркети, нешто што досега не се случило во трите заклучувања.
#tesco Middlebrook was empty again today. #emptyshelves pic.twitter.com/rzsQeznB0H
— Maxiwoo (@maxiwoo) July 19, 2021
Стотици илјади луѓе, вклучувајќи го и премиерот Џонсон, мора да бидат изолирани десет дена откако апликацијата за самоизолација ги информирала дека биле во близок контакт со заразено лице.
Folk saying “no empty shelves” where they are, are affa lucky. This is Wick tonight. Same as Inverurie the other night. pic.twitter.com/W6PXdj68BQ
— Mrs Cloudy (@cloudy_mrs) July 21, 2021
Податоците на Националната здравствена служба (НХС) открија рекордни 618.903 предупредувања испратени до корисниците на апликациите во Англија и Велс. НХС ги известува луѓето кои треба да одат во самоизолација со кратка нотификација преку мобилна апликација.