Додик: Ако победи Трамп, би прогласил независност

Додик: Ако победи Трамп, би прогласил независност

пред 5 месеци

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека верува во независноста на Република Српска и дека тоа ќе мора да се случи еден ден.

Додик рече дека тој може да биде одговорен за тоа во одредена перспектива.

„Кога Доналд Трамп победи во Америка, имав намера да прогласам независност на Република Српска, но тогаш некои луѓе околу мене се исплашија и не го направив тоа. Морам да кажам дека денес се каам што не го направив тоа. Но доколку Трамп повторно победи, мислам дека не би се двоумел“, изјави Додик за „ТВ Прва“.

Кога станува збор за американските санкции за него и неговото семејство, Додик рече дека нема право да ги жртвува националните интереси на РС заради својата погодност.

Тој истакна дека е горд на своето семејство, додавајќи дека тие се многу свесни и одговорни луѓе и дека се борат во животот, а тоа им пречи на Американците.

Додик додаде дека тој е избран функционер и дека има право да избере како ќе води политика.

„Клучното прашање околу мене повеќе не е криминалот, сега се’ се сведе на реторика, што им пречи и тоа е погубно за нив“, додаде Додик.

Зборувајќи за односите меѓу Србија и Босна и Херцеговина, Додик рече дека за Србија е релевантно Претседателството на Босна и Херцеговина, а не една третина од тоа Претседателство кое го сочинува Денис Беќировиќ, кој, како што наведе, е квазиисторичар и мрази се што е српско, кажува лаги, но нема потенцијал да направи ништо.

Текстот Додик: Ако победи Трамп, би прогласил независност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top