(Видео) Пукање пред Конгресот на САД, вработените се предупредени да не ја напуштаат зградата

пред 3 години

Зградата на Конгресот во Вашингтон е затворена поради можна безбедносна закана, пишува Ен-би-си Њуз.

Безбедносните служби испратија порака до вработените во Конгресот: „Поради можна безбедносна закана, не е дозволен влез и излез од зградите на Капитол. Може да се движите низ зградата, но да се држите подалеку од прозорците и вратите. Ако сте надвор, побарајте засолниште“.

Гласот на Америка пишува дека Капитол хил е затворен поради дојави за можно пукање.

Владината агенција USCP објави на „Твитер“ дека се случил инцидент и дека возило удрило во двајца полицајци кои ја обезбедувале зградата на Конгресот. USCP наведува дека осомничениот е во притвор.

Извор од Конгресот за Си-Ен-Ен изјави дека напаѓачот со возило удрил во оградата на Капитол, а потоа излегол од автомобилот мавтајќи со нож. Полициски службеник пукал во напаѓачот.

Share
Scroll to Top