„Топчиите“ со нова „10-ка“ сезонава

„Топчиите“ со нова „10-ка“ сезонава

пред 3 години

Талентираниот офанзивен фудбалер, 20-годишниот Емил Смит Роув го продолжи договорот со Арсенал до 2026 година.

Смит Роув го промени и бројот на дресот на „топчиите“ – во новата сезона тој ќе ја носи „10-ката“ што до скоро беше на грбот на Месут Озил.

Со тоа се чини оди голема одговорност на грбот на младиот играч кој е дете на Арсенал, а во сениорските води е од 2019 година.

Минатата сезона популарниот ЕСР беше сјаен во нападот, со 7 асистенции за гол.

Share
Scroll to Top