Пеп го заборави сонародникот – две години не прозборел со Педро Поро

Пеп го заборави сонародникот – две години не прозборел со Педро Поро

пред 3 години

Дефанзивецот на Манчестер сити, Педро Поро тврди дека ниту еднаш не разговарал со својот менаџер Пеп Гвардиола, иако веќе две години е во тимот на актуелниот англиски шампион.

21-годишниот Шпанец пред две години пристигна на „Етихад“ од сестринскиот клуб Џирона во договор вреден околу 11 милиони фунти, но веднаш беше пратен назад во Шпанија како позајмен фудбалер во Реал Валјадолид, пред во август 2020 да биде пратен на двегодишна позајмица во португалскиот Спортинг.

Минатата сезона, тој со нив ја освои лигашката титула и беше именуван во тимот на сезоната, а беше повикан и во шпанската репрезентација (иако не играше на ЕП).

„Не, никогаш не сум зборувал со Пеп Гвардиола. Мислам дека тој воопшто не знае дека сум фудбалер на Сити. Во клубот некој мора да знае што се случува“, вели Поро за „Мирор“.

Се верува дека Спортинг ќе ја активираат клаузулата од 8.5 милиони евра да го купат Шпанецот

Share
Scroll to Top