(Галерија) Политичари, пејачи, обични граѓани: Цело Скопје им дојде на концерт на „Архангел“ и Филхармонија

(Галерија) Политичари, пејачи, обични граѓани: Цело Скопје им дојде на концерт на „Архангел“ и Филхармонија

пред 3 години

Концертот на „Архангел“ и Филхармонија, вчеравечер во Градскиот парк под отворено небо направија вистинска урбана журка. Спој на генерации заради кои се чувствуваше пулсот на градот, баш оној кој го заборавивме заради пандемијата. Вчера се одбележаа 58 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, па „Архангел“ и Филхармонија беа вистиснкиот избор и по ќеф на скопјани и заради добра музика на култниот македонски бенд.

Цели семејства, групи пријатели, луѓе од сите возрасти, ги пееја хитовите на Ристо Вртев, ама овојпат со нов аранжман на Џијан Емин. Беше вистинско уживање во живо да се слушнат „Чудесен свет“, „Милион долари“, „Нова ера“, „Убермакедонише“, песни кои го одбележаа „Архангел“ како култен бенд на македонската музичка сцена.

„Се надевам дека со овој концерт ќе направиме нашиот град да биде уште поубав“, рече Ристо Вртев пред бројната публика.

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета, градоначалникот Петре Шилегов заедно со министерот Венко Филипче и вицепремиерот Љупчо Николовски се забавуваа на тревникот во Градскиот парк и беа дел од скопската журка.

„Ни требаат многу вакви и слични настани, време е Скопје да заживее“, се слушаше во публиката, која не криеше дека концертот на Филхармонија и „Архангел“ беше вистински избор за да се одбележи 26 јули и годишнината од земјотресот.

Share
Scroll to Top