Позната јутјуберка почина на 22 години

Позната јутјуберка почина на 22 години

пред 10 месеци

Познатата јутјуберка Анабел Хам, ненадејно почина на 22-годишна возраст. Анабел починала во саботата, а веста ја потврди нејзината сестра на „Инстаграм“. Сестра ѝ Александрија Хем рече дека семејството тешко ја прими веста за прераната загуба на Анабел.

„Нема доволно зборови за да се опише колку сме уништени јас и моето семејство. Анабел беше светлина за светот“, рече Александрија.

Засега причината за смртта останува непозната. Нејзиното сестринство на државниот универзитет „Кенесу“ во Џорџија, исто така, ѝ оддаде почит на ѕвездата на социјалните мрежи.

Анабел имаше повеќе од 70.000 следбеници на „Инстаграм“ и над 77.000 претплатници на YouTube. Стана ѕвезда на YouTube со прикачување видеа од 2014 година. Често блогираше за нејзиниот секојдневен живот како студент и даваше совети за шминкање и начинот на живот.

Share
Scroll to Top