Бритни Спирс го тужи татко ѝ Џејми и бара да не ѝ биде старател

Бритни Спирс го тужи татко ѝ Џејми и бара да не ѝ биде старател

пред 3 години

Поп-ѕвездата Бритни Спирс поднесе тужба против својот татко Џејми со која бара тој веќе да не биде нејзин старател и да не ги контрола нејзините финансии. Таа бара наместо него, со финансиите да раководи независен сметководител, стои во судските документи.

Новиот адвокат на Бритни, Метју Розбенгарт, минатата недела рече дека презел агресивна и брза акција да го отстрани од посебниот надзор Џејми Спирс. Сега поднесе тужба пред Судот во Лос Анџелес и бара сметководителот Џејсон Рубин да биде главен финансиски управител на имотот на Спирс, кој вреди 60 милиони долари.

Според Розбенгарт, Бритни сега може да избере кој ќе ја застапува и да назначи кој ќе управува со нејзината состојба. Адвокатот на Џејми, пак, рече дека таткото на пејачката нема доброволно да се повлече од старателството.

Новото рочиште е закажано за 29 септември.

 

Share
Scroll to Top