Хамилтон и Фетел со директни политички пораки за унгарските анти-ЛГБТ закони

Хамилтон и Фетел со директни политички пораки за унгарските анти-ЛГБТ закони

пред 3 години

Формула 1 шампионите Луис Хамилтон и Себастијан Фетел решија да се активираат политички при посетата на Унгарија поради контроверзните анти-ЛГБТ закони во оваа земја пред трката во Хунгароринг. Интересно, двајцата немаат мотиви за вакви потези кога се посетуваат земји од Блискиот Исток, Русија или Кина.

Седумкратниот Ф1 шампион, Хамилтон пред трката на која може да стигне до јубилејната 100. победа во кариерата, преку Инстаграм прати директна порака до Унгарците.

„Пред ГП трката овој викенд, сакам да ја споделам мојата поддршка за тие на кои влијае овој владин анти-ЛГБТ закон.Неприфатливо, измамнички и кукавички од тие на власт да предложат таков закон. Сите ја заслужуваат слободата да бидат тоа што се, без ралзика на тоа кого сакаат и како се идентификуваат. Го повикувам унгарскиот народ да гласа на референдумот за да се заштитат правата на ЛГБТ заедницата, на која им е потребна поддршка“, напиша Хамилтон на Инстаграм.

Германскиот четирикратен шампион Себастијан Фетел очигледно се согласи со оваа порака, откако се појави со патики со бои на виножитото на виножитото.

„Засрамувачки е што земја од Европската Унија носи такви закони. Не сфаќам зошто е толку тешко да се остават луѓето да бидат тоа што се чувствуваат и да го прават тоа што го сакаат“, изјави директно возачот на Астон Мартин во Будимпешта.

Ова не е првпат спортот да се користи за политички пораки кон Унгарија, откако за време на ЕУРО 2020, Германците се обидоа да ја обојат „Алијанц арената“ во боите на виножитото пред мечот со Унгарија. Иако УЕФА го блокираше ова, премиерот Виктор Орбан ја откажа посетата на натпреварот.

 

Share
Scroll to Top