Макси Лопез замина во фудбалска пензија

Макси Лопез замина во фудбалска пензија

пред 3 години

Поранешниот напаѓач на Барселона, Катанија, Милан и Торино, Аргентинецот Макси Лопез објави дека заминува во фудбалска пензија со „остварен сон“.

Лопез наполни 37 години во април и немаше договор откако помина една сезона во италијанскиот третолигаш Самбенедетезе. Лопез ја почна кариерата во Ривер Плата, а во својата долга кариера играше и за Мајорка, Гремио, Сампдорија, Киево, Удинезе, Васко да Гама и Кротоне.

Тој исто така беше познат на пошироката јавност по бурниот брак со Ванда Нара, кој се распадна откако таа го запозна неговиот тогашен соиграч од Сампдорија и добар пријател, Мауро Икарди, кој сега е во Пари Сен-Жермен.

Share
Scroll to Top