Скај: Пандев сигурно останува во Џенова уште една сезона

Скај: Пандев сигурно останува во Џенова уште една сезона

пред 3 години

Македонскиот капитен Горан Пандев денеска ќе го продолжи договорот со Џенова и ќе остане со тимот на „Рособлу“ барем уште 12 месеци, тврди „Скај спорт Италија“.

Пандев ја предводеше Македонија на историското прво Европско првенство и би требало да се врати од одмор следната недела, по што ќе се сретне со старо-новиот тренер Давиде Балардини и соиграчите.

38-годишниот Пандев, покрај 122-те настапи за македонската репрезентација, за Џенова е клучен играч по пристигнувањето во јули 2015, од кога има 165 настапи со 32 гола и 11 асистенции.

Share
Scroll to Top