Дресел е првата ѕвезда на Олимпијадата со пет златни медали!

Дресел е првата ѕвезда на Олимпијадата со пет златни медали!

пред 3 години

Американскиот пливач Кејлеб Дресел стигна до своето петто злато на Олимпијадата во Токио комплетирајќи едно од најголемите спортски остварувања во историјата а спортот.

Дресел беше дел од 4х100 метри мешано штафетата на САД, која постави светски рекорд од 3:26.78, подобрувајќи го времето од 3:27.28 поставено на СП во Рим во 2009 во контроверзни услови кога беа дозволени целосните пливачки костуми, и заедно со Рајан Марфи, Мајкл Ендру и Зек Епл да ја продолжат традицијата – Американците никогаш не загубиле во оваа трка на една Олимпијада.

На стартот на сесијата пак, 24-годишото момче од Флорида, Дресел победи и на 50 метри слободно за трета индивидуална победа на Олимпијадата, поставувајќи олимписки рекорд од 21.07. Тој победи и на 100 метри слободно, постави светски рекорд на 100 метри пеперутка, и беше дел од 4х100 метри слободно штафетата на САД.

Дресел се приклучи на Американците Мајкл Фелпс, Марк Спиц и Мет Бјонди и на Источногерманката Кристин Ото, како единствени пливачки кои освоиле пет злата на една Олимпијада. Фелпс го направи тоа на три Олимпијади.

Покрај него, Австралијката Еми Меккион го комплетираше својот успешен настап во Токио со победа на 50 метри слободно со 23.81, за свој шести медал на Олимпијадата и второ злато по триумфот на 100 метри слободно.

Америкаецот Боби Финки, пак, стана првиот Американец по 37 години, кој победил на 1.500 метри слободно, додавајќи ја титулата на таа од 800 метри.

Share
Scroll to Top