Лилард на Инстаграм закачи слика со Јокиќ, најавува заминување од Портланд

Лилард на Инстаграм закачи слика со Јокиќ, најавува заминување од Портланд

пред 3 години

Денвер Нагетс со 4:2 го елиминираа Портланд во плеј-офот. По мечот, ѕвездата на Портланд, Демијан Лилард на „Инстраграм“ закачил фотографија со Никола Јокиќ, со која го најавува своето заминување од Орегон.

„Колку долго треба да бидете толку посветен? Колку време ќе помине додека животните шанси не го исполнат твојот труд? Нипси Хасл!“, напишал Лилард.

Долго време се шпекулира дека Дејм ќе го напушти Портланд, но се поставува прашањето која франшиза би можела да го плати неговиот договор.

Лилард оваа сезона ќе заработи 43 милиони долари, наредната 47, а сезоната по таа 50 милиони долари.

Во последната сезона од договорот што го има со Портланд, 2024/2025, неговиот „Супермакс“ договор му гарантира плата од 54 милиони евра.

Share
Scroll to Top