Младата креаторка Данче Лазарова (19) од Струмица, во Домот на културата, ја отвори својата прва изложба со модни креации. Инспирирана од морето и летото, таа дизајнираше осум фустани, а секој од нив е украсен со морски детали, школки и морски ѕвезди во различни големини.
„Во моите креации доминираат фустани кои ја отцртуваат и возвишуваат женската силуета, и им ја зголемуваат самодовербата на дамите“, вели таа.
Лазарова креира облека веќе неколку години. Меѓу оние за коишто дизајнира е и моделот Кристина Димитријовска, која беше избрана и за Мис. Кристина носеше облека од младата дизајнерка на неколку јавни настани, но и во спотот за нејзината последна песна.