Брз ролат со праски - Reporter.mk

Брз ролат со праски – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

5 поголеми јајца
100 гр шеќер
2 кесички бурбон-ванилин шеќер
изрендана кора од 1 лимон
130 гр брашно
1 кесичка прашок за печиво
30 мл масло
1 кг праски
1-2 лажици растопен путер

Начин на подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките и оставете ги да стојат на собна температура. Изматете ги белките во цврст шлаг со постепено додавање на шеќерот. Додадете ги жолчките една по една. По секоја жолчка, изматете и потоа додадете ја другата жолчка. По жолчките, додадете ги маслото, изренданата кора од лимон и убаво изматете. На крајот додадете го брашното во кое сте го ставиле прашокот за печиво и изматете со жица за матење. Ќе добиете малку погуста смеса.

Тавата со големина 42х30 см покријте ја со хартија за готвење и хартијата премачкајте ја со путер. Зрелите праски измијте ги убаво и исечете ги на листови до 1 см дебелина. Наредете ги исечените праски на подмачканата хартија за печење. Измешајте го шеќерот со двете кесички бурбон-ванила. Посипете ги праските со 1-2 лажици од горната мешавина. Сипете ја изматената смеса над праските, израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 Целзиусови степени 30-ина минути.

Испечената кора превртете ја на друга хартија за печење, малку поголема од тавата. Внимателно тргнете ја хартијата на која се печеше кората. Сега праските се свртени нагоре. Со помош на долната хартија завиткајте ја кората како ролат. Ролатот оставете го да се излади и исечете го на парчиња. Пред служење посипете го со шеќер во прав.

Share
Scroll to Top