Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, рекол дека никако не можел да ја исправи грешката, која ја направи на стартот на трката за Големата награда на Унгарија. Ботес предизвика карамбол на стартот, покрај него од трката отпаднаа Ландо Норис, Шарл Леклер и Серхио Перез, а Макс Ферстапн сериозно го оштети болидот, поради што не беше конкурентен во продолжението на трката.
Финецот од Мерцедес, беше втор на старот, лошо ја започна трката, беше минат од неколку болиди, а пред првата кривина доцна кочеше и поради влажната патека удри во болиодт на Норис. Потоа настана карамбол, поради кој беше истакнато црвено знаме.
„Јасно е дека направив грешка, јас без зад Норис, не кочев навреме. Погрешно ја проценив точката на која треба да притиснам на сопирачките. Кога започнав да кочам, се доближив до болидот на Норис и му блокираа тркалата, удрив во него и предизвикав хаос. Тешко беше да проценам каде треба да закочам, а кога го направив тоа веднаш ми беше јасно дека задоцнив со реакцијата. Птооа ништо не можев да направам“, рекол Ботас.
ФИА веднаш го казни Ботас за инцидентот. Наредната трка тој ќе ја започне пет позиции поназад, од местото кое ќе го освои во квалификациите.
„Ја прифаќам казната, јасно е дека нема да биде идеално, но добро е што на наредната трка ќе има простор за претекнување“, рекол Ботас.
Во шампионатот на Формула 1 следува летна пауза. Сезоната ќе продолжи на 29.август со трката за Големата награда на Белгија.