Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, синоќа одржа концерт во Античкиот театар во Охрид.
Публиката во огромен број се забавуваше и ги пееше неговите љубовни балади и весели хитови „Ако те питају“, „Моје злато“, „Уторак“, „Ко нам брани“ и многу други, а Грашо ја испеа и „Цесарица“, во чест на Оливер Драгоевиќ.
Тој им се заблгаодари на сите за убавиот пречек и рече дека секогаш кога е во Македонија, срцето му е исполнето. Пејачот се врати во Македонија по една година пауза. За потсетување, тој минатата година одржа концерт во Битола на кој не се почитуваа мерките против ковид 19.
Фото/Фејсбук