Данска за едно полувреме ја реши Норвешка

Данска за едно полувреме ја реши Норвешка

пред 3 години

Ракометната репрезентација на Данска го продолжува походот кон одбрана на олимпиското злато од Рио де Жанеиро. Данците, во скандинавското четврт-финале, ја победија Норвешка со 31:25 (13:12).

Данците полесно од очекувањата славеа над Норвешка. Првото полувреме беше речиси израмнето, Данците беа подобри за еден гол.

Победникот го реши серијата на Данска од 6:2, во првите девет минути од второто полувреме. Норвежаните, потоа не успеаја да се вратат од тој минус, најмногу поради катастрофалната игра во одбраната.

Микел Хансен и Јакоб Холм со по осум голови ја предводеа Данска. Ист број на голови за Норвешка постигна Сандер Сагосен, кој поради три исклучувања пред време го заврши натпреварот.

Данска во полу-финалето ќе игра против Шпанија. Во второто полу-финале, Франција го чека победникот од дуелот помеѓу Германија и Египет.

Share
Scroll to Top