Најдобрите играчи на Галатасарај ќе мора да го напуштат клубот кој се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Претседателот, Бурук Елмас, им соопштил на Радамел Фалкао и Софијан Фегули, дека нивните плати се голем товар за клубот.
„Се сретнав со двајцата. Тие многу му помогнаа на клубот, но со оглед на нашата нова финансиска стратегија и нивните плати, едноставно нема да можеме да ги плаќаме во иднина. Се надевам дека ќе најдат нови клубови“, рекол првиот човек на Галатасарај.
Фегули е играч на Галатасарај од 2017 година, Фалкао во клубот пристигна две години подоцна.